4 СОБИ ВО СТАН ОД 24 КВАДРАТИ: Генијалното решение на овој маж ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

Кога имате мал простор потребно е да имате имагинација. Со малку креативност, можно е да се вклопат спална соба, кујна, бања и работен простор во стан од 24 квадратни метри.

Бред претвори студио во функционален стан. Никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалното искористување на просторот. Можеби ова звучи нереално, но ќе се уверите и самите кога ќе го погледнете видеото.

Кога ќе влезете во станот, на прв поглед изгледа дека има дневна соба и кујна, но кога ќе го поместите екранот, ќе видите дека зад него има мала спална соба со брачен кревет и гардероба.

Белите ѕидови, како и мебелот и кујнските елементи во посветли нијанси даваа илузија на поголем простор, а работната маса по потреба може да се пренамени и во трпезариска маса.

Бањата се наоѓа помеѓу кујната и спалната соба. За да изгледа визуелно поголемо, Бред користел големо огледало.

Во видео прилогот погледнете како изгледа целиот стан: