40 години живеел сам во шума, без никаков контакт со цивилизација

Кен Смит, човекот кој поминал четири децении сам во шума, без било каков контакт со цивилизација годинава решил да ја сподели својата приказна со јавност. Тој на кратко ја напуштил својата оаза во шумите на Шкотска и решил да се појави пред телевизиските камери. Како што известува Би-Би-Си, Кен живее 40 години во дрвена куќа без вода и струја, а најблискиот пат до куќата е околу 2 часа пешачење.




Имено, Кен кој сега има 74 години, го напуштил својот традиционален начин на живот кога има 26 години. Причината за ваквата одлука е фактот дека тој поминал 23 дена во кома, откако бил нападнат пред ноќен клуб и доживеал трауматска повреда на мозокот.Ми кажаа дека никогаш нема да закрепнам. Дека никогаш повеќе нема да зборувам. Рекоа дека нема да можам да се движам, но јас го направив тоа.




Тогаш решив дека никогаш повеќе нема да живеам под нечии туѓу услови, туку ќе живеам по мои правила, вели Смит. По закрепнувањето, Кен отпатувал во оддалечен дел на Канада кој се граничи со Алјаска каде месеци шетал низ дивината и поминал 22 илјади милји пред да се врати домаЗа жал, откако се вратил дома дознал дека неговите родители починале.




Ми требаше многу време да се освестам. Ништо не чувствував во тој момент, вели тој. Во тој период, Смит почнал да пешачи по Британија се со цел да се справи со својата тага. Па така, стигнал во шумите на Шкотска каде и го пронашол своето откровение. Постојано плачев додека пешачев. Се прашував кое е најизолираното место во Британија. Имаше стотици и стотици километри ништо зад мене и пред мене. Погледнав преку езерото и ја видов оваа шума.




Па така решив дека кај Лок Триг ќе ја изградам мојата дрвена куќа каде и ќе живеам. Користев дрва за греење, а езерото ми беше извор на вода и храна, вели Кен.За овие 4 децении тој речиси и да немал интеракција со надворешниот свет. Тимот на Би-Би-Си неодамна го посети со цел да сними документарен филм за неговиот живот. Набргу по заминувањето на филмската екипа, во февруари 2019 година, Смит доживеал мозочен удар и морал да биде префрлен во болницата Форт Вилијам каде закрепнувал седум недели.




Тогаш неговите лекари го убедувале да се пресели во место кое ќе е поблиску до цивилизација, но тој решил да не ги послуша и да се врати во својот шумски рај. Шумските чувари понекогаш застануваат да го посетат и да видат како е, а и му оставаат храна. Една година по мозочниот удар, Смит мораше да се врати во болница откако куп дрвени трупци се урнале врз него.Но, и покрај сите тажни животни ситуации, Кен е оптимист за својата иднина.




-Не сме создадени за да бидеме во едно место, но јас ќе останам тука до моите последни денови, вели тој.