Му дала пари на бездомник кој ги зел и исчезнал – по неколку години тој се појавил пак

Кога Џена Номели првпат го запозна Вил Левенс, тој бараше низ контејнер. Кога го прашала зошто е на улица, тој ја споделил својата тажна приказна со неа.




„Тој рече дека неговата сопруга ненадејно починала и поради неговата тага еднаш пробал х*роин – и станал зависник“, рече Џена, „Резултатот беше губење на работата и неговиот дом“.




Тогаш Џина и Вил станаа пријатели. Тие често разговараа, споделуваа приказни и совети. Џина навистина сакаше Вил да почне да напредува. Во знак на добрина му подари јакна и чизми како и 7 долари – сакаше барем малку да му помогне. Но, нејзиното мало дело го промени целиот живот на Вил.




Кога му ги дала парите го замолила да не ги троши на д*ога. Но, еден ден Вил едноставно исчезна. „Со текот на годините се прашував што се случи со него“, рече Џена, „се прашував дали тој сè уште е жив“. Но, еден ден, по неколку години, Џена го добила одговорот на прашањата за Вил.




Џина била на бензинската пумпа, отишла во бањата, а кога излегла, во продавницата ја чекал Вил Левенс.




„Тој застана со солзи во очите и ме праша дали се сеќавам на него“, рече таа. Секако дека се сети на него. Во исто време, таа беше многу воодушевена од неговата промена.