Човек влегол во породилиштето а таму 100 потполно тивки бебиња. Кога оваа мајка дознала зошто овие бебиња се толку тивки, била целосно уништена

Оваа објава на Фејсбук, напишана е од Дејна Магер, содржи прекрасна, вистинска порака за родителството до сите мајки во светот: „Ова е слика од пред неколку години. Да, се качив во лулката со надеж дека ќе го смирам моето девојче, кое врескаше, вцрвенето и целата во солзи. Мојот сопруг не најде вака и не фотографираше. Решив да ја објавам оваа слика затоа што ја изразува суштината на моите чувства и моите прашања „зошто“ „Тоа беше на врвот на тоа исцрпувачко, прекрасно нешто што го нарекуваме родителство и добро се сеќавам на ветувањето што и го дадов на ќерка ми.




Еден од првите моменти кога Мет и јас ја оставивме нашата Луела на некој друг беше кога отидовме на концерт со духовна музика. На тој собир, еден мисионер го сподели своето искуство, кое ме потресе и ме освести. Тоа беше момент кој засекогаш го врежа во моето кревко и полно со хормони срце на една млада мајка, кое веќе стана сто пати покревко откако првпат ја видов мојата ќеркичка.




Тој мисионер посетил сиропиталиште во Уганда. Иако претходно посетил многу сиропиталишта, овој дом за сираци беше поинаков. Влезе во породилното одделение каде лежеа над сто бебиња, стуткани едно до друго во лулки. На негово чудење, единственото нешто што можел да слушне беше апсолутна тишина. Тоа би било чудно за секое породилно, а камоли за породилиште каде што лежат над 100 новороденчиња. Тој се сврти кон својот водич и праша зошто бебињата се толку тивки. Нејзиниот одговор е нешто што никогаш нема да го заборавам. НИКОГАШ! Тоа беше мојот момент „зошто“.




Таа го погледна и рече: „По околу една недела и безброј часови плачење, тие на крајот престануваат да плачат бидејќи сфаќаат дека никој нема да одговори на нивниот повик“ Престануваат да плачат кога ќе сфатат дека никој не доаѓа. Ниту за 10 минути, ниту за 4 часа, а можеби и никогаш… Тоа ме скрши! Бев скршена. Буквално можеше да собереш парчиња од моето срце, расфрлани по подот. Но наместо тоа, во мене се роди копнеж, глад… решив во себе.




Стигнавме дома и таа вечер, додека Луела одмараше до мене со своето мало тело тешко само 4 килограми, јас и дадов ветување, ветување дека секогаш ќе бидам тука кога и да посака. Секогаш! Дури и во 2 часот по полноќ, ако ме разбуди продорен крик од мониторот за бебе, ќе дојдам до неа.




Ќе бидеме тука за неа кога некој ќе ја повреди, кога ќе и го скрши срцето. Ќе бидеме таму да ја гушнеме, да ѝ дадеме шанса да ни замери, да донесе правилна одлука. Ќе бидеме таму за неа. Со нашите солзи и фрустрации, повремено ќе и покажеме дека е во ред да плачеме и дека е во ред да ги покажеме нејзините чувства. Нека стекне доверба дека секогаш ќе и даваме засолниште и дека никогаш нема да ја оставиме на цедило“.