Mислеше дека го изневерувам затоа што неговиот татко му кажал што правам ноќе кога тој не е дома

Врските навистина не мора да бидат комплицирани, но секако луѓето понекогаш ги прават така. Нешто што изгледаше како совршена врска беше прекинато за само еден ден, поради едноставно недоразбирање. Една девојка го сподели своето искуство на страницата за исповед, сè уште со неверување што и се случило:

Не ни сонував дека средбата со моето момче и татко ми ќе биде последниот ден од нашата врска. Одамна ја познаваше мајка ми, но сакав и татко ми да го запознае. Се договоривме да дојди на вечера со нас и така беше. Кога мојот дечко влезе во станот, татко ми со малку погласен тон рече: „Ох, ти си тој што ја тера мојата принцеза да се искрадува секоја вечер речиси една година“. Нема да верувате, дечко ми веднаш се сврте и си замина. Бидејќи излегуваме еднаш или двапати неделно, тој инсистираше дека го изневерувам затоа што тато рече дека излегувам секоја вечер.

Не ми се верува кој кретен, дали е болна љубомора или некое друго пореметување на мозокот, не знам, ама да сум била во врска со будала, сум. Тато со денови ме задеваше како можам да најдам такво момче, кое нема смисла за хумор, а ние сме навистина „лудо“ семејство во тој поглед – ја завршува својата исповед девојката.

Што мислите за ова, дали таа можеше поинаку да реагира или има право што го пуштила да си оди без да ги разјасни работите?