Oблекла венчаница после 35 години – За реакцијата на нејзиниот сопруг зборува интернетот

Деновиве социјалната мрежа беше воодушевена од видеото на кое една мајка на барање на својата ќерка одлучила да ја проба венчаницата која ја носела на својата свадба пред 35 години. Станува збор за видео на Ешли Тренкл, кое таа го објави на својот TikTok профил, во кое главната улога ја има нејзината мајка Пат. И тие дојдоа до оваа идеја додека ги поминаа последните неколку месеци во потрага по фустан што Ешли ќе го носи на нејзиниот голем ден.




Како што често се случува, мајката и ќерката не се договориле околу изборот на фустан. Пат била изненадена од актуелната понуда и забележала дека око и привлекле само фустани слични на оние што ги носела на нејзината свадба во средината на 80-тите. Таа потоа на шега додала дека би било одлично повторно да ја проба венчаницата и да види дали и понатаму и одговара, а Ешли заклучила дека тоа всушност е одлична идеја.




Совршено се вклопи! За многу краток период видеото собра над 2,5 милиони прегледи, а дел од популарноста секако е заслужна и на нејзиниот татко Крис. Имено, неговата реакција откако ја виде сопругата во фустанот кој го носеше на денот на нивната венчавка, трогна многумина. Самата Ешли во описот на видеото го изјави следново: „Ако мојот сопруг не реагира вака за 35 години, тогаш не вреди“.




Крис бил шокиран од сопругата, па дури и признал дека му течат солзи во очите. „Вие воопшто не сте се промениле“, рече тој. Неговата сопруга открила дека не очекувала ваква реакција, па била трогната бидејќи мислела дека тој само ќе се смее кога ќе ја види.




Двојката се запозна во 1978 година кога Крис свиреше во бенд, а Пет одеше на неговите свирки за да може да го гледа од првите редови. Во бракот добија две ќерки со кои се неверојатно горди, а тајната на нивниот брачен успех ја гледаат во тоа што добро се познаваат. „Се расправаме како другите, но на крајот од денот сепак се разбираме“, откри Пет.
@ashley.monda if my husband doesn't react like this in 35 years, I don't want it 😭😍 #herecomesthebride #mom #dad #reallove #fyp ♬ original sound – Ashley Monda