Oва е единствениот град во светот во кој живеат само жени – Мажите доаѓаат само за викендите – Погледнете зошто е тоа така

Жителите кои тука го создадоа својот дом цврсто веруваат дека можат се сами и подобро од мажите Со феминистичкиот рај Ноива до Кордеиро, кој се наоѓа на југот на Бразил, управуваат жени и само жени.




Тоа е единствениот град во светот во кој не живее маж, а како што стојат работите така и ќе останат.
Со оглед на тоа што границата помеѓу женскиот и надворешниот машки свет може да се помине само според одреден распоред, на мажите ќе им биде тешко да талкаат на ова место или да влезат без официјална покана и дозвола од владејачките Амазонки.




Noiva do Cordeiro е основана во 1891 година од Марија Сенхориња де Лима, која била протерана од нејзиното село поради прељуба. Денес има само 600 жители, главно жени и само неколку мажи.




Тие го уредија животот онака како што сакаат и се чувствуваат удобно во својата женска област. Тие веруваат дека на нивно место успеале да организираат многу подобар живот од мажите.




Во работните денови, сите девојки обработуваат земјоделско земјиште, готват, организираат импровизирани салони за убавина и модни ревии една за друга, за празници и саеми.




Ова необично место има свои страници на социјалните мрежи каде одвреме-навреме се појавуваат реклами за мажи.