Tие го продале својот автомобил за да ги прехранат внуците,а потоа добиле големо изненадување

Брачен пар продавал автомобил на аукција за да можат да ги прехранат своите внуци, а тоа добило големо изненадување. Неодамнешната аукција на автомобили донесе многу наддавања околу еден класичен примерок, сето тоа од причини за продажба. 3-годишниот Лијам и 6-годишната Ариел Керилук живеат со нивните баба и дедо откако нивните родители загинаа во сообраќајна несреќа со мотор пред 4 месеци.

Бен и Мерилин се грижеа за своите внуци и почнаа да добиваат големи медицински сметки за лекување на проблемите со слухот на двете малечки. Постарата двојка немаше начин да ги врати тие сметки и да ги одгледа своите внуци, па со тешко срце решија да го продадат својот Pontiac Parisienne од 1973 година што нивниот син го купил пред неговата смрт.

Иако беа емотивно врзани за автомобилот, знаеја дека најважната грижа е за Лијам и Ариел. Некој им помогнал да создадат страница GoFundMe каде семејството собрало повеќе од 80.000 долари откако е создадено во мај, но благодарение на прекрасните срца на неколку љубители на автомобили, парот ја зголемил таа сума повеќе од двојно.

Отворена е аукција на која еден од предметите за продажба бил понтијак. Пред почетокот на наддавањето, причината за продажбата на автомобилот беше образложена на Фејсбук страницата на компанијата што ја спроведе аукцијата. Тогаш се случи нешто навистина посебно. Едно лице го купило автомобилот за 29.000 долари, но не го зел за себе туку го оставило да се препродаде. Повторно беше продаден за 30.000 долари и повторно дониран. Потоа беше продаден по трет пат за 20.000 долари.

Покрај горенаведените износи, многу клиенти направија лични донации за семејството, а семејството собра приближно 100.000 американски долари. Најубавото нешто е што последниот клиент го донираше автомобилот назад за Ариел и Лук да го добијат кога ќе пораснат.

Аукционерот рече: „Луѓето беа преплавени од љубезноста на луѓето кои му помогнаа на ова семејство. Тоа беше неверојатно. Продавачот Роб плачеше, луѓето навиваа, сето тоа беше многу емотивно. Никогаш не сум видел нешто слично“.