“Westworld” на кинески начин: Доколку сакате робот со ВАШ лик, дојдете во овој музеј (ВИДЕО)

Телевизиската серија „Westworld“ ги следи случувањата во забавен парк во кој „населуваат“ хуманоидни роботи и дизајниран да ги исполни сите желби на гостите, без разлика колку е бизарно. Научно-фантастичен спектакл имаа можност да гледаат и гледачите кај нас, а во Кина се обидуваат слично сценарио да направат реалност.

Гостите на EX Museum of the Future and Science во Далиан немаат дозвола да прават што сакаат, но можат да ги погледнат најновите достигнувања на технологијата.

Скенирање на телото
Не само што гостите ќе „запознаат“ познати личности од историјата (Ајнштајн, Џобс,), ќе ја видат линијата на производи, туку и техничарите можат да го скенираат нивното лице/тело за да направат уникатен робот!

Написот на локалниот државен медиум CGTN зборува за неверојатниот музеј, отворен минатата година и покажува како се прават андроиди со помош на 3Д принтери.

Во производството на роботи се користи специјален бионски силикон, а јасно се гледаат вените на нозете, линиите на дланките, додека нивната кожа може да „трепери“.